Петок, 25. јули, 2008 година, 07:54
Историја
Статут
Цели и задачи
Органи на СМК
Постојани мисии
Македонски сенатори
Одликувања
Светски македонски младински конгрес
Амблеми

Референдум
Архива на Референдум
Вести
Архива на Вести
Фото галерија
Активности - Настани
Архива на Активности - Настани
СМК во медиумите
Службен весник на СМК
Публикации
Контакти
Линкови

Историја на Македонија и Mакедонците
Мапи од Македонија
Македонски национални празници
Македонска национална програма
Фондација за Македонија
Фондација Кераца Висулчева
Институт за македонски студии - Македонија

ЈАВНА ПОКАНА ЗА 18 ИЗБОРНО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА СМК НА 9 АВГУСТ 2008
19 јуни 2008 година, Скопје, Македонија - Осумнаесеттото Изборно Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес ќе се одржи на 9 август 2008 година (сабота) со почеток во 10.30 часот во Големата сала на Стопанска комора на Македонија (до Министерството за образование, над ресторант “Мекдоналдс” во центарот на Скопје).
09.08.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЗА НАСИЛНО ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!
5 јули 2008 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес целосно го поддржува барањето на Македонската влада за решавање на прашањето за граѓанските имотните и наследните права на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија како последица на грчкиот геноцид врз македонскиот народ од 1912 година, како и за човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во Грција.

Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност и Резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ООН ниту упатуваат на задолжителна мултилатерална или билатерално договорена промена на името на државата Македонија, ниту разговорот за разликата за името на државата Македонија значи договор за промена на името на државата Македонија!
05.07.2008 извор: СМК прочитај повеќе
БЕЗУСЛОВНО И ИТНО РЕШЕНИЕ ЗА АВСТРАЛИСКАТА ЕПАРХИЈА!
4 јули 2008 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес апелира администраторот Австралиски и македонските православни општини во Австралија веднаш и безусловно да ги прекинат десетгодишните судски спорови, како основен предуслов за траен договор за помирување и обединување во една и единствена Македонска православна епархија, за мир во Македонската заедница во Австралија, меѓу Македонците од сите делови на Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква бара формирање посебна синодска делегација за Австралиската епархија од епископите Наум, Пимен и Климент со цел одржување Национална конференција за помирување и обединување во една и единствена Македонска православна епархија во Австралија.
04.07.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ВЛАДИКАТА ПЕТАР НЕПОЖЕЛЕН ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА
3 јули 2008 година, Сиднеј, Австралија - Десет црковни општини во Австралија бараат Светиот синод на Македонската Православна Црква да го повлече владиката Петар и да назначи нов архиереј. Заедницата на Македонците во Австралија бара итна седница на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и го обновува барањето за повлекување на митрополитот Петар од функцијата администратор на македонските цркви во Австралија за да се надмине повеќегодишниот раскол.

Десет претседатели, на исто толку црковни општини, потпишале заедничко писмо испратено до сите архиереи на МПЦ, во кое бараат Синодот на МПЦ да го повлече митрополитот Петар затоа што според нив, тој ја злоупотребува позицијата што ја има и и’ нанел огромна финансиска штета на МПЦО “Света Петка” со седиште во Рокдајл.
03.07.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ЖРТВИ НА АРМ-МАФИЈАТА!
01 јули 2008 година, Скопје, Македонија - Деновиве претседателот на Светскиот Македонски Конгрес упати допис до Собранието на Македонија. Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров во својот допис до пратениците од 26 јуни 2008 година вели: “чувството на одговорност за валидноста на информациите кои пристигнаа во Светскиот Македонски Конгрес, не ми дозволуваат да не ги споделам со Вас, имајќи ги во предвид Вашите надлежности и можности да поведете постапка за нивна верификација и соодветна валоризација преку надлежните институции на системот, било, да не се повтори. Информацијата е напишана во форма на новинарски напис, меѓутоа крие морбидни вистини што загрижуваат и не оставаат ладнокрвна индиферентност. Ве молам, преземете ги сите мерки преку надлежните институции за проверка на наводите, за истрага, со целосна одговорност на авторот, доколку неправедно се инволвирани имиња за кои се зборува, во случај на неверодостојност, независно од политичките оценки за кои се задржува правото на разлики во слободата на мислењето.”

Информацијата е напишана со сознанија до 1 февруари 2008 година. Надвладеа мислењето сепак да се достави до Собранието за процесуирање, доколку надлежните проценат дека има елементи за такви дејствија.
01.07.2008 извор: СМК прочитај повеќе
ГОРАНИТЕ СЕ ЛОЈАЛНИ ГРАЃАНИ НА КОСОВО
1 јули 2008 година, Драгаш, Косово - Гораните не се дел од паралелните власти формирани на северот на Косово, соопшти вчера Македонската горанска заедница на Косово. Заедницата апелира до поединци Горани кои живеат во Белград, да не наседнуваат на политички провокации од тие што ја направија состојбата таква каква што е на Косово и кои сакаат агонијата да продолжи до бесконечност.

“Нашето залагање е да се опстане на просторите на Гора на дедовските огништа. Бевме лојални граѓани и ќе бидеме лојални граѓани на Косово, во согласност со преговорите помеѓу Србите и Албанците, во какво и да било идно уредување на овие простори со посредништво на меѓународната заедница. Не се согласуваме со паралелни непризнати организации, кои и натаму ќе ни го влошуваат опстанокот на нашите простори, се вели во соопштението на Македонската горанска заедница на Косово.
01.07.2008 извор: СМК прочитај повеќе
НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА НИТУ Е, НИТУ МОЖЕ ДА БИДЕ СУПСТИТУТ НА МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА
28 јуни 2008 година, Белград, Србија - Односите меѓу Македонија и Србија се уредени со Спогодбата за регулирање на односите и за унапредување на соработката меѓу Република Македонија и СР Југославија од 8 април 1996 година, Договорот за обележување на границата меѓу Македонија и СР Југославија од 23 февруари 2001 година, и Спогодбата меѓу Република Македонија и Србија и Црна Гора за заштита на македонското национално малцинство во Србија и Црна Гора и заштита на српското и црногорското национално малцинство во Република Македонија од 6 јули 2004 година. Двете спогодби и едниот договор претставуваат добра основа за унапредување на македонско-српските билатерални односи и на положбата и правата на Македонците во Србија.
28.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ОБЕДИНУВААТ ВО МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО СРБИЈА
28 јуни 2008 година, Пожаревац, Србија - Извршниот одбор на Македонската заедница во Србија, извршнот тело на Македонската заедница во Србија, во коешто членуваат претседателите на сите единаесет македонски здруженија во Србија, на 28 јуни годинава, во големата сала на Собранието на општина Пожаревац одржа седница со цврста волја за обединување на Македонците во македонската заедница и за регулирање на работата на Националниот совет на Македонците во Србија.
28.06.2008 извор: СМК прочитај повеќе
   следни  
 

Email дописи За СМК Приватност Контакт со СМК Ваш коментар Кон почетокот

© 2003 Светски Македонски Конгрес. Сите права се задржани.
Оваа страна и содржините со неа се заштитени со закон.

 


Резултати

Македонија и членството во НАТО и ЕУ: името или грчкото вето?!
22.03.2008 - 21 текстови
Името на Македонија и решавање на "спорот" со името со Атина
11.11.2004 - 239 текстови
 
Developed and hosted by
by brzi 2003